Јавното комунално претпријатие е субјект кој обезбедува услуги поврзани со вода (водоснабдување, одведување на отпадни води), како и останати комунални услуги (изнесување и депонирање смет, паркови и зеленило, одржување на градски гробишта,одржување на градска расвета и одржување на јавна чистота).
ЈКП,,Комуналец“ Пехчево во рамките на својот делокруг на работењето ги врши следните дејности :
ЈКП „Комуналец“ Пехчево е основано како Јавно претпријатие за комунални дејности со Одлука на Совет на Општина Пехчево бр. 0801-80 од 26.05.1997год. запишана во судски регистар под бр. Трег 299/97 од 31.07.1997год.
ЈКП„Комуналец“ Пехчево има својство на правно лице, а за обврските во правниот промет одговара со целокупниот свој имот со целосна одговорност.
Со работата на претпријатието раководи Директор на претпријатието. Директорот на ЈКП,,Комуналец“ Пехчево како свое советодавно тело формира Стручен колегиум, кој претставува советодавен, стручен и оперативен орган. Со колегиумот раководи и истиот го свикува Директорот. Колегиумот се состанува по потреба. Директорт го застапува и претставува претпријатието во правниот промет, исто така Директорот може да определи вработен кој во негово отсуство го заменува и го води тековното работење на работењето.
Други органи на претпријатието се Управниот одбор и Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење, чии членови се именуваат од страна на Советот на Општината, со мандат од 4 (четири) години. Управниот одбор се состои од 5 (пет) членови, а Надзорниот одбор од 5 (пет) членови.
Органи на управување во претпријтието се Директор (кој го избира и разрешува Градоначалникот), Управен одбор и Надзорен одбор за контрола на материјално финансиско работење.
Членови на Управен одбор:
Ванчо Мустачки, Игор Поповски, Александар Ѓорѓиевски, Метошко Таковски.
Членови на Надзорен одбор:
Златко Николовски, Марјанчо Митриновски.
Внатрешната организација на претпријатието е составена од 2 (два) сектори и 4(четири) одделенија и тоа: